Свет
29. February 2020 - 17:41

ЕУ: На Авганистан му е потребно политичко решение

Европската унија смета дека мировниот договор за повлекување на американските трупи од Авганистан е „важен прв чекор кон сеопфатен мировен процес во таа земја со цел создавање безбедност и стабилност за сите нејзини граѓани“.

„Европската унија очекува преговорите во Авганистан да започнат без одложување, на инклузивен начин, со цел постигнување траен мир“, соопшти Советот на ЕУ.

По повод потпишувањето договор меѓу САД и Талибанците за повлекување на трупите на САД и НАТО од Авганистан по 18 години, ЕУ вели дека е подготвена да го олесни и поддржи мировниот процес, со цел да се зачува и продолжи политичкиот економскиот и социјалниот напредок на Авганистан.

„За конфликтот е потребно политичко решение, со кое ќе се почитуваат човековите права, вклучително и правата на жените, како и решавање на заеднички проблеми. Почитувањето на уставниот поредок и владеењето на правото е најважно за време на процесот“, се вели во соопштението на Советот на ЕУ. (МИА)