Стујардеса заразена со Ковид-19 летала меѓу Сеул и Лос Анџелес

Стјуардеса на „Кореан Ер“ која била позитивна на новиот коронавирус работела на летови меѓу Сеул и Лос Анџелес, соопшти корејскиот Центар за контрола и превенција на болести.
Јужна Кореја денеска пријави 334 нови случаи на коронавирусот, што е најголем дневен пораст досега, а вкупниот број на заразени сега изнесува 1.595, што е најмногу надвор од Кина.
Стјуардеса работела на летот КЕ017 на компанијата Кореан Ер од аеродромите во Сеул до Лос Анџелес на 19 февруари, како на повратниот лет КЕ012 на 20 февруари, објавија новинските агенции Joнхап и другите медиуми, а потврдија и официјални претставници на Јужна Кореја.
– Таа полетала откако се појавиле симптоми, а ние испитуваме луѓе кои имале контакт со неа на летот, се вели во соопштението на центарот.
Стјуардесата, која има 20 години, подоцна била позитивна на тестот за вирусот и во моментов е во болница.
Таа на 15 и 16 февруари била дел од екипажот на корејската компанија на лет од Израел до Сеул. Меѓу патниците на тој лет биле и припадници на јужнокорејската верска група со која се поврзани повеќе од 30 случи на Ковид-19.
– Во тек е истрага за местата кои ги посетила пациентката и луѓето со кои имала контакт, соопшти Центарот за контрола и превенција на болести.
Другите членови на екипажот кои летале со неа се во 14-дневен карантин.
Ново на Сител
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
-

Скопјанец ја нападнал својата сопруга во Полициското одделение Шуто Оризари по што бил лишен од слобода
-

Приведени повеќе млади лица по нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка
-

Пронајден човечки леш во околина на јавната здравствена установа во Бардовци
-

Сем Алтман и Дарио Амодеј повикани на сослушување за вештачката интелигенција во австралискиот Сенат
