Жерновски: Изборите како потврда за нашата европска иднина

Македонија останува доследна на нејзините определби за заштита, почитување и унапредување на основните човекови права и слободи. Ние посветено работиме за организирање фер и демократски избори, како уште една потврда за нашата европска иднина, истакна заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски на 43-тата сесија на Советот за човекови права на ООН во Женева.
Од Министерството за надворешни работи соопштија дека во своето главно обраќање, Жерновски се осврнал на актуелните глобални предизвици пред кои е исправена меѓународната заедница и кои налагаат заедничко дејствување и соработка, во насока на заштита на човековите права и слободи.
– Обврска на секој од нас е зачувување и одржување на мирот и стабилноста, како услов за просперитет на секое едно општество. Затоа, да направиме клучни чекори кон иднината, застанувајќи цврсто во одбраната на човековите права, користејќи ги постигнатите резултатите од минатото како мотив и потстрек за иднината, нагласи Жерновски.
Осврнувајќи се на актуелните случувања во нашата земја, Жерновски посочи дека оваа Влада за две и пол години направи пресврт во демократските вредности на нашето општество, особено за реформите во судството, повторното воспоставување на демократска контрола врз безбедносните и разузнавачките служби, зајакнување на слободата на изразување, зајакнување на социјалната кохезија, подобрување на правата на децата и жените, како и проширување на просторот за граѓанскиот активизам.
Во однос на процесот на интеграција во ЕУ, заменик-министерот за надворешни работи изрази надеж дека многу скоро и без одложување конечно ќе биде донесена заслужената одлука за почеток на преговори со Европската Унија, што дополнително ќе го зајакне спроведувањето на стандардите за демократија и човекови права.
Ново на Сител
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
-

Се обидувала да запали оган со бензин, 32-годишна жена заврши со тешки изгореници
-

Пријавено вознемирување во автобус во Скопје, жртвата е 20-годишна девојка
-

19-годишник од Радовиш ја нападнал својата баба, полицијата го приведе
-

Македонски Брод: Ја нападнал сопругата и барал да ја повлече пријавата за семејно насилство
-

168,7 килограми режан тутун запленети во Прилеп
