Алијанса за Албанците: ДУИ го чувствува поразот на 12 април

Како што се приближува 12 април, ДУИ се чини дека веќе го чувствува поразот што ќе ја претрпи и затоа ја продолжува својата пракса за партиски вработува како предизборни кампањи.
Со години бевме сведоци на притисокот што ДУИ го прави врз административците, затоа што за нив државните службеници се само гласови и ништо повеќе. За жал, економската состојба и потребата од работа ја прават оваа работна сила да биде злоупотребена и манипулирана и да се користи како средство за обезбедување гласови.
Вистинскиот процент на албанските администратори е далеку од процентот што официјалните лица на ДУИ го прогласуваат; помалку од 18% на централно ниво и помалку од 5% на ниво на раководни позиции. А уште помалку можеме да му веруваме на овој процент кога самиот министер за администрација и информатичко општество изјави дека постои манипулација со етничката припадност при вработувањето, што значи дека за кој процент и да зборуваме, мора да се стави голем прашалник.
Алијанса за Албанците предупреди дека по 12 април ќе биде отстранет „Балансерот“, што овозможува манипулација, и наместо тоа ќе се иницира закон за правична застапеност со цел да се постигне соодветна застапеност.
Ги повикуваме албанските административци кои ја освоија битката со самите себеси, да не мигрираат како и повеќето нивни врсници, да не дозволат ДУИ да ги злоупотреби како алатка или машина за гласање да останат на власт, туку да бидат слободни на нивните работни места и да гласаат без никаков притисок. Затоа што сите знаеме дека оваа власт им се заканува на сите оние што се спротивставуваат на нив.
Во секој извештај на Европската комисија, политизацијата на јавната администрација постојано се споменува, а тоа се должи на притисокот на ДУИ. Кога имаме политизирана администрација, немаме независни и професионални институции. Затоа е време административците да не се манипулираат од политиката, туку да им служат на институциите задржувајќи го својот професионален кредибилитет и независност.
А кога зборуваме за ветингот, кој често го споменува ДУИ, ги прашуваме јавно до каде е случајот против нивниот поранешен државен секретар за администрација, кој беше осомничен и обвинет за злоупотреба на ИПА фондовите на ЕУ.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО
-

Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството во НАТО
-

Мицкоски: Зар некој може да верува дека говорот на првата дама на САД оди на рецензија кај некој дипломатски претставник?
-

Се снимал додека пукал во воздух за на социјални мрежи - Кривична за жител на Чашка
-

Мицкоски: Како ниедна држава во Европа интервениравме директно од буџетот со намалување на ДДВ на нафтата
-

Автобус удрил во 16-годишно девојче пред училиште во кумановско
-

Кривична за татко од Крива Паланка за запоставување на родителската должност
-

Марихуана и кокаин пронајдени во Затвор Идризово
