Ѓукановиќ: Не одам во Сараево, ќе дојдам во Сребреница

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека нема да замине во посета на Сараево, но доколку биде поканет ќе дојде на годишнината од масакрот во Сребреница, со цел да им оддаде почит на жртвите на геноцидот.
– Не доаѓам во БиХ на 2 и 3 март, иако два члена на Претседателството ме поканија! Додик направи национална претстава, а јас не сакам да бидам дел од таа претстава. Тој нема да го загрози односот меѓу Црна Гора и БиХ, истакна Ѓукановиќ во интервју за сараевската телевизија „Фејс“.
Тој додаде дека доколку биде повикан ќе дојде во Сребреница на годишнината.
– Со моето присуство ќе покажам и ќе им оддадам почит на жртвите на геноцидот. Црногорскиот Парламент меѓу првите во светот усвои Резолуција за геноцидот. Јас реков дека беше геноцид, ако треба тоа ќе го потврдам и со моето присуство. Секако дека доаѓам на 25-годишнината, изјави Ѓукановиќ.
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе се обрати на свечената академија „Од слово до вечност“ во Охрид
-

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира дел од изјавите
-

Кои се светите браќа Кирил и Методиј и зошто ги славиме
-

Силни експлозии во Киев по предупредувањето за масовен руски напад со балистички ракети
-

Полска ја активираше воената авијација поради жестоките руски напади врз Украина
-

Приведени 23 лица по немирите во Белград
-

Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
