Албанскиот претседател Мета го повика народот на протест на 2 март

Албанскиот претседателот Илир Мета, денеска изјави дека на 2 март ќе организира протести,со што ќе биде прв акт без преседан на еден претседател на земја, наведува Топ чанел.
Мета го повика албанскиот народ да излезе на плоштадот „Народни херои“ за да го почнат „разбивањето на државниот удар“.
Повторно обвинувајќи ја владата за државен удар, рече дека е дојдено време институциите да се вратат во рацете на народот.
– На втори март со нетрпение ве очекуваме да ве поздравиме сите на плоштадот „Народни херои“ и ветуваме дека наскоро благодарение на албанскиот народ нема да има само една институција,како што е претседателот на Републиката во служба на националниот интерес, рече Мета.
Тој директно го обвини премиерот Еди Рама како „основач и организатор на државниот удар“ и додаде дека „ќе одговара пред новите органи и народот по триумфот над државниот удар“.
– Соучесници во државниот удар се самата влада, мнозинството, и пола од парламентот, вие знаете зошто го нарекувам така. Има сомневања дека и други личности се поврзани и кои ќе бидат евидентирани во наредните денови. Секој ден ќе има вести за државниот удар. На втори март попладне ве чекам пред булеварот и ви давам збор дека многу брзо нема да биде само една институција во одбрана на републиката, туку сите институции ќе бидат вратени на народот, изјави Мета.
Претседателот Мета и претходно најави одржување на сенационален собир на 8 декември лани на плоштадот „Демократија“ пред студентскиот град, кога рече дека нема да го напушти плоштадот се додека не им го врати на албанските граѓани правото на референдум признато и со Уставот.
Сенационалнот собир го одложи поради катастрофалниот земјотрес што земјата ја погоди на 26 ноември.
Ново на Сител
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
-

РСБСП: Продолжениот викенд да помине со безбедно патување, да не се ризикуваат сопствениот и животот на другите
-

Николоски: Нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје-Блаце
-

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух
