-->
-->
Внимавајте каде патувате, магла на македонските патишта
-->

Поради појава на магла намалена видливост до 80 метри има на патниот правец Делчево - Македонска Каменица и до 50 метри на патните правци Штип – Радовиш и Штип – Неготино, соопшти денеска Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива без забрани по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Аксиос: САД и Иран денеска на виртуелен состанок електронски го потпишуваат новото примирје
-

Зеленски: Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во ЕУ
-

ИРГК: Договор со САД денеска нема да се потпише
-

Пјонгјанг: Прашањето за денуклеаризација е „неповратно завршено“
-

Сончево, температурата до 33 степени
-

Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
-

Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
