Јанкулоска за „Монструм“: Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка беа информациите кои стигнуваа до мене

Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка, биле информациите за убиството на четирите mомчиња и рибарот на Смилковскоро езеро, кои доаѓале до Гордана Јанкулоска која во 2012 беше министерка за внатрешни работи.
Таа денеска во нејзиното сведочење во предметот „Монструм” рече дека дел од информациите биле издржани, но дел и веднаш отфрлани.
На прашање на обвинителката Фатиме Фетаи дали се сретнала со Сашо Мијалков оти во „бомбите” од 29 јануари 2013 година кои биле пуштани во судот тој и рекол дека има анализа за случајот и дека ќе и ја презентирал, Јанкулоска рече дека не се сеќава дека присуствувала на таква презентација.
Фетаи ја потсети дека и меѓународни претставници присуствувале на таа презентација. Јанкуловска, пак, рече дека таа држела повеќе состаноци со меѓународната заедница околу настанот.
Обвинителката Фетаи ја праша дали се сеќава дека разговарала за политички консултации околу екстрадиција на осомничените со екс министерот за правда Блерим Беџети, каде се „пазарат” дали да се донесат осомничените пред или после изборите, Јанкуловска рече дека таа имала повеќе разговори и дека се консултирала за активностите околу случајот, а не политички.
На прашање дали имало инфо пред настанот дека нешто ќе се случи, таа рече дека немала никаква информација.
Пред судот денеска треба да сведочат и поранешниот директор на БЈБ Љупчо Тодоровски и Синиша Алексовски, советник во кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
Ново на Сител
-

Дознале дека три од четирите деца постепено ќе го губат видот, па ги однеле на пат околу светот за да создадат спомени
-

Ѓаволот призна вина - осуден на условна казна од две години
-

Заклучен Избирачкиот список за изборите за градоначалник во Брвеница
-

На 29 октомври граѓаните ќе добијат електронска лична карта и возачка дозвола преку апликацијата „м.Услуги“
-

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР не постапува по етнички предзнак
-

35-годишен маж затекнат сред обид за кражба во стан - приведен откако го нападнал совственикот
-

„Хероите живеат вечно“ мурал во чест на Сашо Самојловски и Жарко Кузмановски - бранители од Диво Насеље
-

44-годишен маж нападнал тројца соседи поради нерасчистени имотно-правни односи
