Вучиќ: Изборите ќе ги распишам на почетокот на март

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека престојните парламентарни и локални избори ќе ги распише на почетокот на март и дека тоа ќе биде една од најдолгите изборни кампањи во Србија.
-Само Српската напредна странка (СНС) може да гарантира подобра иднина, изјави Вучиќ за ТВ Хепи и објасни дека престојните избори ќе бидат „судбоносни“ за Србија поради што ќе направи и до „50 проценти смени во изборот на луѓето од СНС во парламентот и локалот, и до 70 проценти во изборот на министрите.“
Вучиќ оцени дека целта на бојкотот на опозицијата е прикривање „дека царот е гол“ и колку пари бесцелно се трошени, но дека со бојкотот опозицијата не може да му го оспори неговиот легитимитет. Тој додаде дека опозицијата не мисли ништо добро, но смета дека би било добро да учествува на изборите.
Српскиот претседател оцени дека многумина во странство не сакаат Србија брзо да се развие и затоа на Албанците им било дозволено да воведат такси на стоки од Србија и БиХ. Објаснувајќи го ова, тој кажа дека „голема и моќна европска земја побарала од Приштина да воведе такси, со цел Србија да се наведе да излезе од дијалогот кој се движел кон компромисно решение“.
-Тоа така беше направено за да се каже дека Србија го напушта дијалогот и да се урне секој план Србија нешто да добие – кажа Вучиќ и потсети дека идејата за разграничување можела да биде резултат на дијалогот во кој Србија ќе добиела нешто.
– Тоа не го знаев веднаш, но сега го знам сето тоа. Во прашање е една значајна и моќна сила – рече Вучиќ.
Вучиќ на гостувањето на ТВ Хепи кажа и дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во Белград им порачал на соговорниците дека нема да има таков како него (Вучиќ).
-Водете сметка да не останете без Вучиќ затоа што таков нема да имате, рече Вучиќ, пренесувајќи го тоа што им го кажал Шојгу на другите.
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
