Исламската Држава се закани на Русите преку Тајланд

Во градовите и туристичките комплекси во Тајланд од денеска е подигнат степенот на безбедност, по информацијата дека најмалку10 Сиријци, инструктори и борци на Исламската Држава допатувале во Тајланд. Сознанијата за подготвување терористички напади на тајландските власти им ги пренесоа руските контраразурнувачи, кои ја следеле комуникацијата во ИД по започнувањето на руските воздушни напади врз целите во Сирија.
Се претпоставува дека главна мета на терористички напади би биле хотелите во Бангкок и познатите туристички локалитети, како што се Пукет и Патаја, каде што за новогодишните празници ќе допатуваат голем број туристи од Русија.
Дека се работи за сериозна потенцијална опасност потврди и главниот инспектор на малезиската полиција Калид Абу Бакар. Тој денеска изјави дека заканите се реални и на околу 250.000 Малезијци, кои овој месец се подготвуваат да го посетат Тајланд им препорача да бидат внимателни, или да ги откажат аранжманите.
Во Тајланд се стравува дека во рамките на така наречената „Руска кампања“ терористите од Исламската Држава ќе имаат поддршка и од дел на муслиманското население во државата.
Тајландските муслимани се незадоволни поради одлуката на овдешните власти во Кина да врати група од стотина муслимански сепаратисти, кои во Кина ги очекува судење. На дел од бегалците од Кина Тајланд во јуни им дозволи да заминат во Турција, а на кинеско инсистирање преостанатите ги врати назад во Кина. Се претпоставува дека нападот на будистичкиот храм во Бангкок, при што загинаа 104 посетители, беше дело на одмазда на радикалните муслимани по одлуката на Тајланд за враќање на исламските сепаратисти во Кина.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Филипче е исплашен од исказите на Груби, многу луѓе се загрижени во овој момент
-

Мицкоски: Работиме на случаите со илегална дрога, ќе ја исчистиме државата од политичките криминалци
-

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни
-

Муцунски: Мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија, но во рамки на нашите принципиелни позиции
-

Брза интервенција на ДПД-Пехчево спречи поголем пожар кај село Црник
-

Радман: Северна Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо
-

Јаневска: Крајно време е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во полза на младите луѓе кои ќе останат да ја развиваат оваа држава
-

Фонд на ПИОМ: Управниот одбор ја усвои Завршната сметка на Фондот за 2025 година
