Намален прометот во индустријата

Вкупниот промет во индустријата во декември лани е намален за 1,2 отсто во однос на декември 2018 година, а на домашниот пазар за истиот период бележи зголемување од 6,7 отсто, додека на странските пазари има пад од 5,1 отсто.
Вкупниот промет во индустријата лани во декември има пад од 20,4 отсто во споредба со ноември 2019 година, а на годишно ниво има раст од 5,6 отсто во споредба со 2018 година. Прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2019 година пораснал за 7,5 отсто во споредба со ноември, а во периодот јануари − декември 2019 година во споредба со истиот период од 2018 година има раст од 0,8 отсто. За истиот период прометот во индустријата на странските пазари е намален за 28,6 отсто на месечно, а зголемен за 7,1 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10,9 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6 проценти, додека опаѓање има кај Капитални производи за 12,9 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,1 процент.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, пак, во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,3 отсто, Капитални производи за 34,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,7 отсто, додека опаѓање има кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 10 отсто.
Прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10,6 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто, додека опаѓање има кај Капитални производи за 14,7 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,0 проценти.
Ново на Сител
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
-

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје, експертите укажуваат - да се реафирмира културата на градот
-

Уапсен велешанец, пијан оштетувал паркирани автомобили
-

Избегната трагедија во Драчево: Зрно од огнено оружје погодило малолетник во училишен двор
-

Палау ја забрани употребата на креми за сончање со воведување такса од 100 долари по нејзина употреба
