Бизнис
4. December 2015 - 20:42

Премиерот Груевски на терен ги решава проблемите со граѓаните

Премиерот Груевски се сретна со граѓаните  од виничко кочанскиот крај и ги решаваше нивните проблеми. Наскоро жителите на селото Оризари ќе добијат спортска сала за која се инвестирани 40 милиони денари. Ќе се гради уште една во селото Миравци која ќе биде 85 та во земјава.

Премиерот на средби со жителите разговараше за изградбата на брана на оризарска река Речани.

Во Виница премиерот се сретна со жителите на селото Јакимово. Едно од барањата беше продолжување на патот и проширување на канализационата мрежа. За што градоначалникот вети дека ќе се реелаизира.

Меѓудругото премиерот изврши увид и  во изградбата на социјалните станови во Кочани. Станува збор за вкупно 43 нов вакви станови кои треба да бидат готови во текот на следната година. Со претходните 29  стана, социјални станови во овој град ќе има вкупно 72.