ВМРО-НП ги повикува партиите да отпочнат иницијатива за усовршување на договорот за техничка Влада
ВМРО-Народна партија уште еднаш ги повикува политичките партии да отпочнат иницијатива за усовршување на постоечкиот договор за Техничка Влада, со што со новиот договор би се намалило времетраењето на техничката Влада од сто на триесет дена.
Факт е дека основните причини поради кој дојде ова договорно креирање на техничка влада беа симнувањето од долгогодишното владеење на Никола Груевски. Сходно на тоа бидејќи веќе и самите се сметаме за зрела демократија време е тој договор да претрпи измени и со намалувањето на времетраењето да докажеме дека всушност Македонија ја научи лекцијата од порано и може за триесет дена да ја организира и спреми државата за нови избори.
Со промената на времетраењето ќе се намали и вакум просторот кој го наложува договорот за Техничка Влада која во практика всушност е и нефункционална односно обавува ограничени функции кои засегаат одредени дејства поврзани само со организација и ред при некои наредни избори.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата