ВМРО-ДПМНЕ бара Џафери денеска да закаже пленарна седница за распуштање на Собранието

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара денеска претседателот на Собранието Талат Џафери да закаже пленарна седница, со, како што изјави координаторот Никола Мицевски, една и единствена точка на дневен ред – распуштање на Собранието, согласно со договорот што беше постигнат од политичките партии за одржување предвремени парламентарни избори на 12 април оваа година.
– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веќе поднесе Предлог на Одлука за распуштање на Собранието на Република Македонија на 5 – ти февруари и бараме истата денес да биде ставена на одлучување пред пратениците. Одлуката беше поднесена поради се по очигледните обиди на СДСМ да проба да избега од договорените избори иако сите услови за одржување на предвремени парламентарни избори се исполнети. Од друга страна, сведоци сме на обиди од страна на СДСМ и Зоран Заев да поставуваат некакви нови услови кои што не се воопшто поврзани со одржувањето на изборите, изјави во Собранието координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Сакаме да го потсетиме господинот Талат Џафери, дополни Мицевски, дека токму тој кажа дека Собранието мора да се распушти на 12 февруари со што би се испочитувале роковите предвидени со законот и Уставот.
– Џафери беше дециден во своите изјави и напомена дека дури ако треба тој како пратеник ќе поднесе предлог за распуштање на 12 февруари. Еве денес, на 12 февруари единствено што бараме е да остане доследен на своите изјави, да закаже седница на Собранието да ја ставиме предлог одлуката за распуштање која што ја поднесовме. Во спротивност ќе и биде јасно на целокупната македонска јавност дека ова парламентарно мнозинство манипулира со граѓаните и дека се обидува да избега од договорот кој што беше постигнат од политичките партии, наведе Мицевски.
Ново на Сител
-

ЈОРСМ: Лани во октомври на Михајлова ѝ се одземени два пасоша и не ѝ беа вратени поради ризик од бегство
-

Лишени од слобода 14 возачи за „безобѕирно управување возило“, 12 возеле без положен возачки испит
-

МНРиНТ за бегството на Михајлова: Постапувањето на бугарските државни институции ги подрива напорите што ги вложуваме за градење доверба
-

Мицкоски: Македонија ќе биде раскрсница на двата паневропски коридора и нејзиното геостратешко значење ќе биде поголемо
-

Роналдо го спореди своето соперништво со Меси на она на Сена и Прост во Формула 1
-

Директор на училиште и еден наставник повредени во пукање на југот на Франција
-

69-годишник од Грција пронајден починат во с.Ново Село, телото предадено на обдукција
-

Продолжуваат протестите во Франција, се очекуваат нови блокади на училиштата
