Бегалците и понатаму најголема закана и проблем во Македонија - Европа молчи
Тензиите на јужната гранична линија се смирија. По вчерашните нереди кои на грчката страна од границата кои ги предизвикаа економските мигранти и се судрија со бегалците кои доаѓаат од земјите со воен конфликт состојбата денеска е мирна. Судири имало и во текот на ноќта, но утрово ситуацијата е ставена под целосна контрола. Мигрантите се поделени во две групи, а грчките специјалци имаат направено кордон низ кој се пропуштаат сите бегалци кои имаат уредна документација. На македонска страна од границата има целосна контрола и протокот тече без никаков проблем.
Единствениот премин низ кој што бегалците од грчка влегуваат на македонска територија, а кој беше затворен во текот на вчерашниот ден од страна на економските мигранти денеска повторно функционира. И покрај тоа што на грчка територија се создаваат одредени гужви и тензии сите бегалци кои доаѓаат од кризните подрачја се пропуштаат и од тука се упатуваат во прифатниот центар кај Гевгелија.
Бегалците кои денеска влегоа на македонска територија велат дека дошле пред неколку дена, но биле спречени да влезат од страна на економските мигранти
-Чекам овде три дена. Кога дојдовме во кампот состојбата беше хаотична, а мигрантите од Иран не им дозволуваа на луѓето да продолжат понатаму. Го блокираа излезот и не ни дозволуваа да поминеме, вели мигрант од Сирија
-Многу е лошто од другата страна на границата. Чекав пет дена за да поминам, вели мигрант од Сирија
-Чекав три дена. Сите кои доаѓаме од Сирија бевме попречувани од економските мигранти и не ни беше дозволено да ја поминеме границата, вели мигрант од Сирија.
Во текот на денешниот над две илјади бегалци на кои од страна на економските мигранти им беше попречено движењето влегоа на македонска територија. Веднаш по влезот се упатуваа на регистрација во транзитниот центар каде ја добија и неопходната хуманитарна и прва помош.
Нов бран на бегалци се очекува да пристигне во текот на ноќта. Доколу состојбата на грчка страна остане стабилна и бидат обезбедени услови за нормален проток сите кои ќе пристигнат ќе бидат соодветно згрижени во транзитниот центар, а потоа и транспортирани до северот на државата.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар