Франција, Германија и Финска спроведуваат најболни тестирања врз животни

Европската Комисија ги објави последните податоци (од 2017) за состојбата со лабораториски тестирања врз животни, резултатите се загрижувачки според невладините организации за заштита на животните.
Помеѓу 2015 и 2017 во цела Европска Унија се употребени помеѓу девет и десет милиони животни за лабораториски тестирања. Од овие тестирања, Европската Комисија оценува дека 11 отсто предизвикале „акутно страдање на животните“, што е спротивно на европската директива за благосостојба на животните.
Германија спровела највеќе експерименти врз животни (над 1,8 милиони), следуваат Франција, Шпанија, Италија и Белгија.
Мерењата на болката што ги предизвикуваат овие експериментирања покажуваат дека највеќе страдале животните во Франција, Германија, Финска и Белгија.
Освен глувци и стаорци, овие земји користат и мачки и кучиња во нивните лаборатории.
Шест проценти од сите тестирања врз животни во ЕУ предизвикале смрт или смртоносна болест кај животното, односно, за три години 1,85 милиони животни, стои во извештајот.
Единаесет отсто од експериментите предизвикале акутна болка, како на пример во случај на „насилно пливање“ во кое се оставаат животните во вода додека не почнат да тонат.
Според новинарски истражувања, животните кои преживуваат сепак се убиени подоцна затоа што нивните внатрешни органи и се потребни на лабораторијата.
Невладините организации бараат од ЕУ брза реакција и построги закони за заштита на животните од лабораториските тестирања.
-Многу малку експерименти врз животни се забранети со закон, посочува организацијата ПЕТА која нагласува дека овие тестирања не произведуваат позитивни резултати во медицината и здравјето на луѓето.
Европската Унија во 2010 донесе директива за експериментите врз животни, но по овие резултати невладините сметаат дека напредокот не е задоволителен.
-Една од целите на директивите е да се заменат лабораториските животни преку рафинирање на методите на истражување. Експерименталните истражувања без животни е вклучена во директивата како цел, десет години подоцна гледаме дека речиси ниедна од овие цели не е постигната, изјави претседателот на организацијата Гаиа, Мишел Ванденбош.
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
