Џет-Сет
10. February 2020 - 14:03

Провокативниот настап на Џеј Ло и Шакира заврши на суд: Поднесена тужба, од НФЛ се бара оштета од 867 милјарди долари

Поранешниот тренер на повеќе средношколски екипи во американскиот фудбал, Дејв Добенмаер поднесе тужба во судот во Охајоп против НФЛ, Пепси, ТВ ФОКС и уште неколку компании поради Суперболот.

Дебенмаер тужбата ја поднесе поради тоа што на „полувремето од натпреварот во Мајами била прикажана непримерна содржина во изведбата на Шакира и Џенифер Лопез, и на име оштета бара 867 милјарди долари!

„Јас сакав да гледам фудбал, а не невкусен танц. Тие донесоа грев во мојот дом. Супербол е спортска манифестација која ја гледа и помладата популација“, рече Добенмаер, а пренесуваат американските медиуми.
 
Добенмаер е познат христијански активист во Охајо.