Ердоган: Турција нема да дозволи „договорот на векот“ да го загрози мирот во регионот

Турција никогаш нема да дозволи мирот во регионот да биде нарушен од американскиот „договор на векот“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пренесе Анадолија.
-Ние не го признаваме овој план, што значи анексија на палестинска земја, целосно уништување на Палестина и целосно заземање на Ерусалим. Никогаш нема да го прифатиме овој обид што предвидува решение преку две држави, но фактички значи легитимирање на израелската окупација под мандат на американската администрација, изјави шефот на труската држава за време на прес конференција во Куала Лумпур, во Малезија.
„Договорот на векот“ беше претставен на 28 јануари од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Во него се посочува дека Ерусалим е „неделив главен град на Израел“ и со него се признава израелски суверенитет врз големи делови на Западниот брег.
Ново на Сител
-

Влажен бран со дожд и снег, од понеделник стабилизација и пораст на температурите
-

Трипуновски: Опозицијата шири дезинформации, нема кратење на средствата за субвенции
-

Мерц: Не можам да верувам дека на Минхенската конференција целата сала стана за Рубио
-

ЛШ: ПСЖ со пресврт победа над Монако, Реал го преживеа пеколот во Лисабон
-

Се намалуваат водостоите на реките
-

Не паркирајте под дрвја поради силен ветер, апелира „Паркови и зеленило“
-

Ѓорѓиевски: Службите на терен по неповолните временски услови, апелирам на внимателност
-

Панчевски поднесе кривична до членовите на Советот на обвинители
