Пијанистот Коробеиников и виолончелистот Књазев на Охридско лето

Руските уметници, пијанистот Андреј Коробеиников и виолончелистот Александар Књазев вечер ќе одржат концерт во црквата „Света Софија“ во рамки на 55. издание на фестивалот „Охридско лето“.
Коробеиников, кој синоќа одржа самостоен пијано концерт во Охрид, е добитник на повеќе награди и признанија, меѓу кои прва награда на интернационалниот натпревар за пијано „Александар Скрјабин“ и втора награда на интернационалниот натпревр за пијано „Сергеј Рахмањинов“ во Лос Анџелес. Учествувал на повеќе престижни фестивали во светот. Соработувал со повеќе реномирани диригенти, како Јуриј Темирканов, Владимир Ашкенази, Иван Фишер, Око Каму, Питер Старк, Александар Рудин, Росен Геров, Максим Шостакович...
За Коробеиников камерното музицирање е посебна страст иако најчесто настапува како солист. Соработувал со некои од најголемите виолинисти на денешницата меѓу кои Вадим Репин, Дмитриј Махтин, Алина Ибраимова, виолончелистите Алњксандар Књазев, Јоханес Мозер и Татјана Василева, пијанистите Борис Березовски, Александар Палеј, Икујо Накамичи... Има свирено во Лондонскиот симфониски оркестар, Националниот оркестар на Франција, Фестивалскиот оркестар на Будимпешта, Чешкиот и Токискиот филхармониски оркестри и многу други.
Књазев е познат руски виолончелист, кој, според критичарите, е еден од најмоќните во светот. Добитник е на повеќе награди на значајни национални и интернационални натпревари. Соработувал со диригенти како Ведерников Мстислав Ростропович, Јуриј Темирканов и со Оркестрите на ББС во Лондон, Симфонискиот оркестар на Балтимор, Токискиот симфониски оркестар, Прашката филхармонија, Државниот академиски симфониски оркестар на Русија и други. Соработувал и со пијанистите Евгениј Кисин, Николај Лугански и Борис Березовски, виолинистите Виктор Третјаков, Вадим Репин и Дмитриј Махтин, како и со други врвни светски уметници.
Настапувал на значајни фестивали меѓу кои „Еспино фестивал“ во Португалија, „Ла фор журне“ во Нант, „Енеску“ во Романија, „Шлос Елмау“ во Германија..
Ново на Сител
-

Денеска е Митровден - празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
-

САД нудат награда до 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма
-

Одбележани 130 години од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје
-

Трамп бара истрага против демократите, ги обвини за „кривично дело“
-

Крвав напад во Краков: Најмалку шест загинати, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот
-

Осум српски полицајци уапсени за смртно претепување на братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд во западните делови од земјата
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
