Филипче ги поддржува крводарителите во барањето да не плаќаат паркинг на Клинички кога доаѓаат да даруваат крв

Министерот за здравство Венко Филипче ги подржува крводарителите во барањето да не плаќаат паркинг на Клинички кога доагаат да даруваат крв, но вели дека не може да влијае на одлуката.
Институтот за трансфузина медицина реагираше на ставот на ЈП Градски паркинг – Скопје дека имало злоупотреби во издавањето потврди на крводарителите за да не плаќаат паркинг кога доаѓаат во Клиничкиот Центар да даруваат крв.
-Досегашната пракса на издавање на потврда на дарител за ослободување од плаќање на паркинг во Клинички Центар функционира подолго време и е затекната состојба. Ние како Институт издаваме потврда која е електонски евидентирана во нашиот систем за евиденција E-Delphin со баркод и се исклучува мометот од злоупотреба. Доколку ЈП Паркинзи при Град Скопје откриле или имаат сомнение за злоупотреба во тој случај прво треба да се потврди во нашата управа а потоа да се превземат соодветни мерки.Но пак ќе морам да упатам до управата на ЈП дека неверувам дека возможно злоупотреба на тие потврди, се вели во реакцијата од ИТМ.
Вчера крводарителите изразија револт дека 3 месеци не важи праксата кога доаѓаат да даруваат крв на Клинички да не им се наплаќа билет за паркинг.
Александар Динев
Ново на Сител
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

На демонстрантите во Иран ќе им се суди како на непријатели на Бог
-

Стабилно и потопло време до петок, за викенд дожд и снег на планините
-

Повеќе пари за новороденчињата во Гази Баба: Поддршката се зголемува на 8.000 денари
-

СПМ ја поддржува иницијативата за укинување на "техничката влада"
-

СЗО предупредува: Алкохолот во Европа е премногу евтин и достапен
-

Лажни реклами за онлајн казина кружат на социјалните мрежи, алармира АПИС
-

Истражување: Повеќе од 388 милиони христијани доживеале прогон поради својата вера во 2025 година
