Четиринаесет државјани на Србија се во карантин на крузер во Јапонија

Четиринаесет српски државјани се наоѓаат на крузерот „Diamond Princess“, кој е ставен во карантин во Јапонија поради коронавирусот, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ истакна дека Министерството за надворешни работи на Јапонија го известило Белград дека на бродот кој е ставен во карантин поради коронавирусот, се наоѓаат 14 српски државјани – 12 вработени и двајца патници, како и еден црногорски државјанин, објави РТС.
Дачиќ истакна дека српската амбасада во Токио контактирала со српските државјани на бродот и тие се добри.
Тој додаде дека сите патници ќе треба да останат во карантин 14 дена.
Десет лица од крузерот, кој со 3.700 патници се вратил од Хонгконг во јапонското пристаниште Јокохома, биле заразени со коронавирус.
Од 273 тестирани патници, пристигнати се резултати за 31, од кои десет лица се позитивни.
Приоритет за тестирање добиле патниците кои имаат симптоми.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ e едно од повеќето функционални решенија зa градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар
-

ОН документира сексуално насилство и тортура извршени од руските сили во Украина
-

ЦУК: Нема активни пожари, еден под контрола
-

Македонската кикбокс репрезентација опатува на Светското јуниорско првенство во Лидо, Италија
-

Почина Томче Филиповски, поранешен легендарен фудбалер на скопски Работнички
-

Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се жртвуваат за земјата
-

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци
-

Кривичен за „Ласкарци“: Боваровски се ослободува од издржување на казната затвор до донесување на нова одлука
