Реакција на министерката Шекеринска на изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Вистински одговори на хаотичните прашања на ВМРО ДПМНЕ
ДА, стануваме членка на НАТО.
ДА, ја подмладуваме Армијата со околу 600 млади војници.
ДА, на сите припадници на Армијата им обезбедивме 16% повисоки плати.
ДА, на воздухопловците, медицинскиот кадар и лесната пешадија обезбедивме дополнителни надоместоци.
ДА, обезбедивме и станарина од над 7.000 денари месечно за СИТЕ.
ДА, за цивилните лица во Армијата законот предвиде дополнителни 10% покачување на плати.
ДА, за сите млади кандидати за офицери има плата.
ДА, има бенефициран стаж за сите во Армијата и можност за пензионирање по услови како за МВР.
ДА, има нови чизми за сите.
ДА, обезбедиме и спортска опрема и нови униформи за припадниците на Армијата.
ДА, има нови инжинериски машини по 16 години отсуство на набавка.
ДА, има опремување со оклопни возила.
ДА, се исплаќаат јубилејни награди за сите во МО и Армијата.
ДА, повторно се исплаќаат дневници на припадниците на Армијата.
ДА, има повисоки надоместоци за офицерите и војниците во мисија.
И… ДА, се ова можеше и ВМРО-ДПМНЕ да го направи. Но, не го направи – парите за друго ги трошеше.
Затоа, ДА – ќе продолжиме да работиме. Нив ќе им остане да бидат само плукачи.
Ново на Сител
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
-

Двајца странски државјани безбедно извлечени од Пирибег
-

Армијата презентираше дел од современата воена опрема и вооружување во Куманово
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
-

Уапсен Босанец, кај Катланово возел 164 км/ч на место каде што дозволено е 80
-

Осомничените се обиделе да прегазат полицајци и одзеле пиштол, синдикатот реагира на политизација на случајот
-

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација, целта е посилна татковина
