СГИП: Кинески работници постојано заминуваат и доаѓаат во државава, да се спречи евентуална појава на коронавирусот

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) апелира да се преземат соодветни превентивни мерки за да се спречи евентуална појава на коронавирусот согласно препораките на Светската здравствена организација, со оглед на тоа што има постојано има заминување и доаѓање на кинеските работници од кинеската компанија „Синохидро“ во државава. Од Синдикатот повикуваат да не се лимитира престојот на работниците за работа.
– Kинеската компанија „Синохидро“ врши дејност на повеќе локации со вработени од Република Кина, кои редовно транзитираат на релација Кина – Македонија. Ве повикуваме како одговорни за нашите работници и граѓани со своите надлежни органи и тела да преземете соодветни мерки и активности за спречување на ширење на вирусот на нашата територија. Како единствен репрезентативен Синдикат на вработените од секторот градежништво и индустрија за градежни материјали сме загрижени за вработените и граѓаните и очекуваме повратна информација за преземените мерки, со цел избегнување на непланирани одложувања и прекини на градежните активности кои се во тек, посочуваат од Синдикатот.
Ново на Сител
-

Белорусија тврди дека нуклеарните вежби со Русија не се насочени против никого
-

Усвоени законски измени за полиција, внатрешни работи и радиодифузија во Собранието
-

Јаневска: Нема намалување на бројот на студентски стипендии
-

Вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени шест лица
-

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
-

Советот на Европа: Македонските затвори умерено пренатрупани, земјата меѓу водечките по должина на изречените казни
-

Заради пожар на депонијата во Радовиш градоначалникот апелира да се избегнува непотребен престој на отворено
-

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи
