Стоилковски: 30 прашања на кои Нина Ангеловска нема да одговори

Дојдовме пред министерството за финансии со 30 Прашања за Нина Ангеловска на кои што досега нема одговор.
1. За колку стотици милиони евра ја задолживте Македонија од кога сте министер за финансии?
2. Како ја доведoвте Македонија до најмал економски раст во регионот?
3. Зошто се плашите да и’ доставите податоци, побарани од заменик министерката, Гордана Димитриеска Кочоска?
4. Колку денови во јануари бевте на платени службени патувања?
5. Дали е вистина дека сте се налутиле на ММФ, на Светска Банка и на Европската Комисија што ви предвиделе помал раст од вашата проекција?
6. Набројте три причини зошто водите нетранспарентна политика кон граѓаните?
7. Знаете ли дека индустриското производство е во пад?
8. Ќе ја терате ли до крај војната со приватниот сектор во Република Македонија?
9. Како тоа капиталните инвестиции се ниски, а тековните трошоци зголемени?
10. Каде е економскиот раст од 5% што го ветувавте?
11. Со ваков раст, европскиот просек ќе го постигнеме: за 100 или за 150 години?
12. Набројте 5 од вашите лоши политики, заради кои половина милион Македонци живеат на работ на сиромаштија?
13. Нивото на странски инвестиции е најниско до сега, но можете ли уште пониско?
14. Лично ваша ли е политиката „задолжи ја државата што е можно повеќе“?
15. Каде завршуваат позајмените милионите евра од задолжувањата, ако нема ниеден проект?
16. Горди ли сте што заради неискуството во економијата и финансиите, ја уназадивте Македонија најмалку 10 години?
17. Кој ве учи да не поднесувате оставка и до крај да ве запаметат дека не ве бива?
18. Го проширивте ли вашиот бизнис откако се нафативте на министерска позиција?
19. Дали е точно дека во вашата фирма сте исплаќале 200 евра плата на ИТ инженерите, а остатокот сте им го плаќале на рака?
20. Знаете ли дека профитите на македонските компании се намалени и затоа стотина ИТ и други компании се иселија од Македонија?
21. Колку точно млади избркавте од Македонија со вашите лоши политики?
22. Ќе поднесете ли одговорност по аферата за игри на среќа на вашата компанија, спротивно на законите за наградни игри?
23. Знаете ли дека со незаконска игра на среќа – сторено е и кривично дело „перење на пари“?
24. Дали навистина брендот на вашата фирма е плагијат на американската компанија „Групон“?
25. Како сивата економија достигна 40%, кога лани според Светска Банка беше 25%?
26. Дали сте слеп послушник на катастрофалните политики на Зоран Заев?
27. Дали вршите поткуп на гласачи пред изборите со 6 илјади нови вработувања во администрацијата?
28. Нормално ли е во министерството да немате евиденција за согласности за вработувања и ангажирања?
29. Вистина ли испорачувате се што ќе ви побара Зоран Заев, без проверка дали е тоа добро за граѓаните и за економијата?
30. Со кое лице ќе се појавите пред граѓаните откако нема повеќе да бидете министер на 12-ти април?
Ова се точно 30 прашања на кои Нина Ангеловска нема одговори. Треба да одговори, а ќе се прифати доколку место нејзе одговори и Коста Петров!
Ново на Сител
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
-

Сали од Брисел: Силна посветеност за унапредување на македонската евроинтеграција и спроведување на клучните реформи
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
-

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје, експертите укажуваат - да се реафирмира културата на градот
