На барање на родителите на убиените момчиња Заев треба да сведочи за „Монструм“

На барање на родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро во април 2012 година, на денешното рочиште за „Монструм“ во Кривичниот суд треба да сведочи доскорешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев.
Во судницата се пушта снимка од собраниска седница, на која Заев зборува за случајот „Монструм“ како одговор на прашање од пратеникот Зоран Илиоски.
Заради промена на судечкиот совет, судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, минатиот месец беше вратено од почеток, но само формално со пренесување на сите досегашни изјави и изведени докази во новиот записник, со што расправата продолжи од каде што претходно застана.
Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
