Собранието на Косово денеска гласа за предлогот на Курти за новата влада

Курти, како лидер на партијата победничка на октомвриските избори, го доби мандатот за состав на новата влада пред две недели, на 20 јануари, додека собраниското Претседателство ја закажа пленарната седница за гласање за составот на неговиот иден кабинет за 11 часот.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, викендов, по речиси четиримесечни преговори, ВВ потпиша договор за коалиција со второрангираната партија на изборите, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК).
Во текот на вчерашниот ден, согласно статутите на двете партии, договорот за коалиција беше усвоен на партиски референдум на ВВ и од Генералното собрание на ЛДК.
Курти и лидерот на ЛДК Иса Мустафа, вчера на заедничка прес-конференција објавија дека е договорено новата влада да има 15 министерства, двајца вицепремиери и 33 заменици министри. Шест од владините ресори ќе ги води ВВ, исто толку ЛДК, а, според косовската легислатива, двајца министри ќе им припаднат на политичките преставници на косовските Срби и еден на припадниците на другите малцински етнички заедници.
Пратениците на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), во петокот се сретнаа со Курти, по што лидерот на СЛ Горан Ракиќ изјави дека неговата партија нема да го попречува формирањето на новата косовска Влада и дека очекува да има двајца министри во кабинетот на Курти.
Меѓутоа, по вчерашното објавување на договорот за коалиција меѓу ВВ и ЛДК, директорот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Марко Ѓуриќ, изјави дека Српска листа нема да гласа за предлогот на Курти, а истото подоцна синоќа го потврди и самиот Ракиќ, по средбата во Белград со српската премиерка Ана Брнабиќ.
Десет од 120 места во косовскиот Парламент, според Уставот и законите на државата, се загарантирани за претставниците на српското малцинство, а исто толку и за политичките субјекти на другите шест немнозински заедници во Косово – Турците, Бошњаците, Ромите, Ашкалиите, Египќаните и Горанците.
За да биде изгласана новата влада потребно е мнозинство од 61 пратеник во Собранието. Партиите на Курти и Мустафа заедно имаат 57 пратеници (ВВ 29, ЛДК 28), а поддршка на новиот кабинет најавија десетмината пратеници на партиите од несрпските малцински етнички заедници.
Пратениците на партиите не Албанците кои досега беа на власт – Демократската партија на Косово, Алијансата за иднината на Косово и коалицијата на Социјалдемократската иницијатива и Алијансата ново Косово – објавија дека нема да гласаат за предлогот на Курти за новиот состав на владата.
Ново на Сител
-

ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени
-

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии, ќе се разгледуваат законски измени за рестриктивни мерки, здравство, транспорт
-

ЕП од денеска до четврток на пленарна седница, Урсула фон дер Лајен ќе го одржи своето годишно обраќање за состојбата на ЕУ
-

Брод со мигранти потона кај Грција, 25 лица се водат како исчезнати
-

Цената на нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток
-

Трамп: САД би можеле да останат во Иран и да ја задржат нафтата, како во Венецуела
-

Мицкоски во посета на Граничниот премин Табановце
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
