-->
-->
Тешка „ разделба“ на Лејкерси од Коби Брајант
-->
Натпреварот во Лос Анџелес помеѓу Лејкерс и Портланд Трејлблејзерс мина во знакот на трагично загинатиот Коби Брајант. Во „Стејплс центарот“, Лос Анџелес се прости од својата легенда. Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата, во 10 часот по локолано време.
Во текот на натпреварот имаше неколку емотивни говори, а на големиот семафор одеа снимки посветени на Брајант, додека од трибините во текот на целиот меч навивачите го скандираа името на Коби.
Играчите на теренот не можеа да ги скријат емоциите, Леброн Џејмс кој излезе во дрес на Брајант со бројот 24 не можеше да ги скрие солзите.
Натпреварот кој беше во втор план, заврши со победа на Портланд 127:119.
Блескаше Демијан Лилард со учинок од 48 поени (7/12 тројки), девет скока и 11 асистенции. Поддршка Лилард доби од Хасан Вајтсајд (30 поени, 12 скокови).
Лејкерси ги предводеше Ентони Дејвис (37 поени, 15 скокови), додека Леброн Џејмс со шут од поле 9/22 забележа 22 поени, осум скока и 10 асистенции.
Лејкерси се лидери во Западната конференција со 36 победи и 11 порази, додека Портланд се на дветтото место со 22 победи и 27 порази.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица
-
Денеска гласаат вкупно 505 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка, Ранковце и Кратово
-
Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено
-
ЦУК: Два пожара на отворено, најавено минирање кај Бањица
-
Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел
-
Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори