Средба Османи – Да Силва Пина: Заден Балкан има високи очекувања од ЕУ

Предизвиците поврзани со евроинтеграциите на Република Македонија, а во пресрет на Самитот на ЕУ во март, во насока на потенцијалите за почеток на преговорите со ЕУ пред мајскиот самит посветен на Западниот Балкан, беа централна тема на првата средба на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи со новоназначената амбасадорка на Португалија за земјава, со седиште во Белград, Марија Виржиња Мендес да Силва Пина.
Како што соопшти СЕП, упатувајќи честитки до новата амбасадорка, Османи изразил надеж дека дипломатското искуство, но и личниот ангажман ќе даде значаен придонес во продлабочувањето на односите помеѓу двете земји.
-Ние сме подготвени за почеток на преговорите, се надевам дека и Европската Унија ќе ги создаде неопходните услови за продолжувањето на процесот на проширување со земјите од Западниот Балкан, истакна Османи, посочувајќи на позитивните сигнали кои доаѓаат од Европската Комисија и од земјите – членки поврзани со новата методологија за проширување.
Османи се заблагодари за досегашната поддршка од страна на Португалија кои беа јасно изразени преку ратификацијата на Протоколот за НАТО, но и поддршката од земјата на претходните Самити.
Соговорниците изразија задоволство од меѓусебните пријателски односи и подготвеност за зајакнување на меѓусебната соработка во сите сфери од заеднички интерес.
Ново на Сител
-

Пожар во магацинскиот дел од поранешниот дисконт на „Тинекс“ во населба 11 Октомври
-

Николоски во увид на рехабилитацијата на автопатот Гевгелија-ГП Богородица: Се работи интензивно и во ноќни услови, за брзо време ќе имаме модерен влез во државата
-

Седлоски повеќе не е селектор на Македонија, спогодбено се разделија со ФФМ
-

Трамп најави нови царини, меѓу кои и за Кина и ЕУ
-

Мицкоски од Брисел: Не испорачуваме билатерални прашања, туку ги исполнуваме обврските според системот на заслуги на ЕУ
-

МВР одзеде 67 возила во акција на Интерпол – откриени фалсификувани шасии и возила по кои се трага меѓународно
-

На 96 години Ворен Бафет донираше 5,5 милијарди долари – планира да подари 99% од своето богатство, проценето на 156 милијарди
-

Скандал во Турција: Приведена Ферхунде од „Кога лисјата паѓаат“ во истрага за проституција и наркотици
