„Вашингтон пост“ ја врати на работа отпуштената новинарка по твитот за Коби Брајант
Отаму соопштуваат дека менаџментот на весникот извршил внатрешна ревизија и заклучил дека „иако биле несреќно напишани“ твитовите на новинарката во редакцијата за политика, Фелиција Сонмез, „не ја нарушија точно и директно нашата политиката за социјалните мрежи“.
Инцидентот се случи во неделата откако се дозна за трагичната несреќа со падот на хеликоптер во која животот го загубија НБА кошаркарот Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум лица.
Новинарката, на својот Твитер налог постави линк до прилог на порталот „Дејли бист“ од 2016 година. Во прилогот се говори за кривично дело кое против Брајант било покренато во 2003 година. Тогаш, 19 годишна работничка во хотел во Колорадо го обвини спортистот за силување, но одби да оди на распит во суд. Самиот Брајант ја призна својата вина со изговор дека погрешно разбрал дека сексуалниот однос меѓу нив бил обострано прифатен. Кошаркарот потоа авно се извини за свиоте постапки. Случајот беше затворен со вонсудски договор кој остана недостапен за јавоста. Некои медиуми шпекулираат дека според договорот, девојката добила 2.5 милиони долари оштета.
Веднаш по објавениот твит, Сонмез добила повеќе закани кои таа ги репостирала во социјалните мрежи, и поради тоа од весникот добила привремен отказ од работа.
Но нејзини колеги од редакцијата и членови на синдикатот на „Вашинтон пост“ настапија во одбрана на нивната колешка, барајќи од изданието не само да ја врати на работа веднаш но и да ја заштити од постојаните закани.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот