Мизрахи: Да се исправат сите системски грешки за правата на деца без родители

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска одржа средба со претставници на деца без родители на нивно барање со запознавање со сите проблеми со кои се соочуваат.
Од Министерството за труд и социјална политика денеска соопштија дека со последните законски измени од мај 2019 година правото на парична помош за студирање се вметна член со кој е ставена старосна граница до 26 годишна возраст за користење на ова право. Дополнително со овој закон, се потсетува, се исклучени и студентите кои вонредно студираат.
– Тоа значи дека лицата од оваа категорија кои имаат отпочнато студии а ја надминуваат старосната граница од 26 години или се вонредни студенти немаат право да го користат овој додаток. Според податоците добиени од Центрите за социјална работа, заклучно со декември 2019 година има намалување од 32 проценти на корисници на овој додаток во споредба со јануари 2019 година, со што им се одзема веќе стекнатото право, стои во соопштението.
Дополнителен проблем со кој се соочуваат овие лица, се подвлекува во соопштението, е што владата на Зоран Заев и министерката Мила Царовска со неспроведување на програмата Д 10 од страна на Министерството за труд и социјална политика за вработување на лица кои до 18-годишна возраст имале статус на деца без родители и без родителска грижа, и им одзема правото на вработување кое го имаа.
– Програмата се спроведуваше од 2013 година и преку истата до 2016 година беа вработени вкупно 143 лица со таков статус со цел полесна интеграција во општествениот живот. Од 2016 година оваа програма не се реализира и ниедно лице не е вработено. И покрај бројните барања и укажувања на лицата за спроведување на оваа програма и остварените средбите со претставниците на владата овие проблеми не се надминаа, се вели во соопштението од МТСП.
Министерката Мизрахи истакнала дека даденото право не треба да се укинува и законот наместо да спречи дискриминација, го прави истото. Таа ќе се заложи по завршување на изборите сите системски грешки да се поправат, и оваа категорија на граѓани да не биде дополнително маргинализирана, како што е со ставањето на старосни бариери за додаток, неспроведување на програмата Д 10 и други програми кои ќе им помогнат да се интегрираат во општеството.
Ново на Сител
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
