-->
-->
Бислимовски: Нема да може да се градат објекти ако тие немаат барање за приклучок на парно
-->

Првиот човек на РКЕ Бислимовски вели дека новиот закон за градба е во подготовка и ќе инсистира со него сите инвеститори кој ќе сакаат да градат да бидат обврзани објектите да ги приклучат на парно греење. Вели дека земјава е увозно зависна и 20 до 30 проценти од струјата ја увезува од надвор и затоа треба паметно да се користи и наместо електрична енергија новите објекти за греење да користат парно .
Посочи дека и оваа грејна сезона парното останува кај БЕГ, а во следниот период ќе се разгледува барањето на Град Скопје за преземање на топловодната мрежа.
Од МЕПСО тврдат дека мрежата е стабилна и со мерката со која се субвенционираат инвертери нема да има преоптоварување на мрежата и проблеми во снабдувањето со струја.
Ирена Чачкова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
-

Почна судењето на штипскиот угостител Зарков, кој е обвинет за убиство на неговата мајка
