Османи: Да не се додели датум за преговори во март ќе значи мешање на ЕУ во изборите

Вицепремиерот Бујар Османи во интервју за Агенција Европа, смета дека е важно одлуката за отпочнување на преговорите со ЕУ да биде донесена во март, како признание за напорите на Владата.
-Сега е единствен логичен момент затоа што, ако се случи во март, тоа ќе биде за време на мандатот кога се направени сите тешки компромиси, вели Османи осврнувајќи се на договорите со Бугарија и Грција како и Законот за јазици.
Вицепремиерот оценува дека одлуката треба да биде донесена на мартовски самит на ЕУ, односно пред изборите во април.
-Да не се донесе одлука би било најголемото можно мешање во изборите, затоа што за време на овој мандат, преземавме политички ризик и ја втемеливме таа одлука врз ветувањето на ЕУ. Им рековме на нашите сограѓани, во референдумското прашање дека имаме договор со ЕУ: ако ние го исполниме нашето ветување, ЕУ ќе го исполни своето. Ако ЕУ не го стори тоа за време на овој мандат, ова ќе биде најголема интервенција во изборите и ќе има огромни последици, предупредува вицепремиерот задолжен за европски прашања.
Од претстојната нова методологија на Европската Комисија која треба да се објави на 5 февруари, Османи очекува кредибилитет.
-Многу е важно затоа што после Самитот во октомври кредибилитетот на ЕУ е нарушен во регионот и треба да работиме на тоа да го вратиме, тоа е витално за перспективата на регионот, вели Османи.
Тој додава дека оваа нова методологија не смее повторно да ја одложи одлуката за почеток на преговорите.
-Не е исто одлуката да се донесе во март или во јуни. Ако е во март тоа ќе биде дел од наративот кој испраќа позитивна порака до регионот дека доколку се однесувате европски ќе бидете наградени. Ако биде во јуни, тоа ќе биде само еден бирократски процес на процена на исполнување на условите, објаснува вицепремиерот.
Запрашан за донесувањето на законот за јавно обвинителство, Османи го нарекува “непишан услов“, но смета дека доколку тој претставува клуч до отворањето на преговорите, опозицијата треба да го искористи за да биде и таа дел од европскиот успех.
Ново на Сител
-

Десетици делегати демонстративно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН на почетокот на говорот на Нетанјаху
-

Николоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи-Скопје, преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во ОАЕ
-

Две финалиња за Македонија: Андонов и Николов ќе се борат за злато на Светското во кикбокс
-

Ристески: Со намалувањето на ДДВ за горивата граѓаните заштедуваат до 350 илјади евра дневно
-

Дознале дека три од четирите деца постепено ќе го губат видот, па ги однеле на пат околу светот за да создадат спомени
-

Ѓаволот призна вина - осуден на условна казна од две години
-

Заклучен Избирачкиот список за изборите за градоначалник во Брвеница
-

На 29 октомври граѓаните ќе добијат електронска лична карта и возачка дозвола преку апликацијата „м.Услуги“
