Одложено последното рочиште од судењето за убиството на струмичанецот чие тело беше пронајдено во браната „Турија“
![]()
Последното рочиште од судскиот процес против Марјанчо Велев (54) од струмичкото село Добрејци, кој е обвинет за убиство извршено на 7. мај лани врз струмичанецот Ристо Иљашев, е одложено за 3. февруари заради тоа што обвинетиот не беше спроведен на денешното судење од страна на
затворската полиција од Затворот Скопје.
По чекање од повеќе од 1,30 час судијката Цона Каламерникова ги извести странките дека од Затворот Скопје е информирана оти настанала забуна околу спроведувањето на обвинитетиот и поради тоа од затворот се извинуваат за пропустот.
На денешното рочиште одбраната на обвинетиот Велев требаше да даде завршни зборови, а во наредните денови судијката Каламерникова требаше да ја објави пресудата.
Според обвинението, Марјанчо Велев се товари за убиство извршено на 7. мај лани при што од зад грб пукал со огнено оружје од непосредна близина во главата на Иљашев и потоа неговото тело го фрлил во браната „Турија“, затворено во метално буре.
Инаку, полицијата го сомничи Велев дека е сторител и на уште едно убиство врз шеесет и две годишниот А.М.,извршено на 9. октомври 2018 година, а телото на убиениот затворено во камионски резервоар за гориво беше извадено од браната „Турија“ на 5. август лани. За овој случај ОЈО Струмица се уште нема подигнато обвиние.
Ново на Сител
-

АЛТА банка АД Битoла е ликвидна и продолжува со стабилно и непpечено работење
-

ДИК: Вкупно 107 болни или немоќни и 9 лица кои се на издржување казна затвор можат да гласаат на вториот круг во Брвеница
-

Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000
-

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД
-

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист Лука
-

Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка
