Стефанова откри дека Катица Јанева и се заканувала

Во сведочењето пред судот, обвинителката Лиле Стефанова рече дека откако Јанева поднела оставка, само еднаш разговарала со неа. Ја побарала телефонски и се заканувала да не коментира во медиумите, и да не зборува за снимките од италијанскиот весник Ла Верита. Според Стефанова, разговорот на Јанева завршил со зборовите:
"Ај да ставиме пепел врз се".
Во своето сведочење, Стефанова рече дека Бојан Јовановски го видела еднаш во зградата на СЈО. Но, како што рече таа, од кажувања на други вработени во СЈО, Јовановски доаѓал често, дури паркирал во службените гаражи а ниту бил претресуван при влез во зградата.
На еден од состаноците во СЈО, Стефанова рече дека Јанева по првичниот интерес за истрагите кои ги водат обвинителите, станала нервозна и силно раздразнета и се обратила со барање да му се врати пасошот на Орце Камчев. Дополнително, на силен глас Јанева побарала од Стефанова и Бурим Рустеми да направат пресметки за предметите "Империја" и "Поштенска банка", да се надомести штетата и никој да не оди во затвор.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари се товарат за убиство со евентуална умисла
-

Активен пожарот кај крушевско Борино, под контрола е на Јаесен и кај село Белица
-

Трамп: Украина и Русија се согласија да не напаѓаат енергетски објекти
-

Павловска-Данева: Интерпретативните одлуки се важен чекор кон развојот на современата уставно-судска практика
-

Голем успех за Филип Шулевски – ново најдобро македонско време на Ironman
-

Мицкоски: Без намалувањето на акцизата дизелот ќе беше поскап за 11 до 11,5 денари, го штитиме стандардот на граѓаните
-

Гаши: Убеден сум дека нема да има предвремени избори
-

Мицкоски: Се надевам дека случајот со заканите кон мене упатени на социјалните мрежи ќе биде решен во рамките на системот
