ВМРО-ДПМНЕ: Случајот за набавка на патни исправи мора да добие правна разрешница

Криминално рекетарската влада на Зоран Заев и Оливер Спасовски пред заминување влезе во огромен скандал.
СДСМ, Заев и Спасовски преку МВР на криминален начин набавува патни исправи. Скандалозниот тендер тежи околу 20 милиони евра, а целата постапка е надвор од законските процедури.
Имено, според планот на набавка на пасоши и лични документи во МВР, во 2019 година биле предвидени средства во висина од околу 7 милиони евра. Веднаш потоа истата фирма и единствен понудувач „Веридос“ бара сума од околу 20 милиони евра, сума која што е обезбедена од криминално рекетарската влада на СДСМ.
За тоа дека целата постапка е криминална докажува и фактот што Договорот за рамковната спогодба во висина од 19.681.666 евра е склучен на 05.12.2019 година, а одлуката за избор и извештајот за постапката за оваа јавна набавка се склучени и архивирани на 06.12.2019, односно еден ден подоцна откако е склучена рамковната спогодба од страна на МВР со фирмата „Веридос“.
Дополнително на ова, во текот на постапката се менуваат и членовите Комисијата за набавка на тендерот по теркот на СДСМ за да го аминуваат криминалното работење на Спасовски и Заев.
СДСМ, Заев и Спасовски свесно ги прекршуваат сите законски норми на сметка на лично богатење.
Криминал, рекет, уцени, закани, поткуп се одлика на владеењето на СДСМ, Заев и Спасовски.
Јавното обвинителство трет ден молчи за овој скандал тежок околу 20 милиони евра.
СДСМ, Заев и Спасовски се во спрега со јавното обвинителство газејќи го правниот поредок и владеењето на правото во Република Македонија.
Ова е сериозен случај кој мора да добие правна разрешница. Јавното обвинителство мора да собере храброст и да постапи по допрен глас.
Зоран Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалиите.
На 12-ти април следува одговорност.
Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
