Одбележување 57 години од потпишувањето на Елисејскиот договор помеѓу Франција и Германија

Со проекција на филмот „Тајната на дрвјата“ од Лик Жаке, амбасадите на Франција и на Германија вечер во Скопје ќе потсетат на Елисејскиот договор, склучен пред 57 години на 22 јануари 1963 година помеѓу претседателот Шарл Де Гол и канцеларот Конрад Аденауер.
Пред почетокот на проекцијата во Кимотеката пригодно ќе се обратат амбасадорите на Република Франција и на Сојузна Република Германија, во Скопје, Кристијан Тимоние и Томас Герберих.
Како што се наведува во заедничкото соопштение на двете амбасади , со потпишувањето на Елисејскиот договор Република Франција и тогашната Сојузна Република Германија го затворија поглавјето на германско-француското заколнато непријателство, а отворија ново поглавје на посебно пријателство и соработка кое трае веќе 57 години. Со тоа започна една извонредна билатерална соработка помеѓу двете држави, практично во сите области: политика, одбрана, економија, младина и образование.
Елисејскиот договор се спроведува преку редовни средби на владино ниво, но и на ниво на администрациите на двете земји, кои редовно применуваат взаемна размена на државни службеници и воспоставија меѓуминистерска комисија за соработка. Постојат голем број на збратимени градови, а во тие рамки и соработка меѓу граѓанско-општествените организации.
Поради нејзиниот посебен карактер, француско-германската соработка игра важна улога во процесот на европската изградба, а со тоа на Франција и Германија им припаѓа и значајна улога во врска со македонското приближување кон Европската Унија. Француско-германското пријателство покажува дека надминувањето на предрасудите е можно и дека дијалогот и меѓусебното почитување на историјата, традициите, културата и јазикот на другиот претставуваат плоден развој за сите.
Воедно, со потпишувањето на Елисејскиот договор беше основана и Француско-германската младинска организација (ОФАЖ), која оттогаш поврза безброј француски и германски млади луѓе. ОФАЖ реализира проекти и во трети земји, а меѓу нив и во Македонија, наведуваат амбасадите на Германија и на Франција.
Инаку, темата на филмот „Тајната на дрвјата“ од Лик Жаке е џунглата како еколошки систем. Врз основа на густите шуми во Франција, Перу и Габон, се погледнува во историјата на еволуцијата, но, исто така, се упатува на опасноста што се крие во иднината доколку природата не се заштити соодветно.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18:00 часот 13 пожари на отворен простор од кои два се активни 11 изгаснати
-

Мицкоски: По не знам колку време имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство отколку барања за отпис од државјанство
-

Седум лица уапсени од вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

СП 2026: Американски министер: Мило ми е што Иран е елиминиран и неговите фудбалери нема да се вратат во нашата земја
-

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги доби здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди - култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ - земјоделство
-

Ангелов: Воспоставена делумна контрола на пожарите кај Велес и Дојран
-

Полјански: Европа би можела да биде вовлечена во конфликт со Русија дури и пред 2030 година
-

УГД - Штип по приведувањето на професорката за мито: Сите што имаат сознанија за незаконски дејства да пријават
