Поднесено обвинение за обид за разбојништво во аптека во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за обид за разбојништво во аптека во Скопје.
Обвинетиот, како што соопшти Јавното обвинителство, се товари дека на 27.12.2019 година влегол во аптека на бул. „Климент Охридски“ и се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на една вработена која се наоѓала зад работниот пулт, па од неа побарал да му ги даде парите. Притоа, тој ставил маска на устата и ја откопчал јакната, а едната рака ја ставил во внатрешниот џеб каде што имал нож. Оштетената, исплашена за сопствениот живот, се стрчала кон магацинот, а обвинетиот тргнал кон неа. Во тој момент од магацинот излегол работник од агенцијата за обезбедување и го спречил обвинетиот во намерата да изврши разбојништво.
Надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, бидејќи оцени дека во конкретниот случај и натаму постои опасност обвинетиот да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори кривичното дело.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера