Мурати – Секизќок: Обострано задоволство од досегашната соработка со Република Турција на мултилатерално и билатерално ниво

Функционирањето на Судот, досегашната соработка и можноста за негово унапредување се дел од темите на кои се разговараше на денешната средба на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со амбасадорот на Република Турција во нашата земја, Хасан Мехмет Секизќок.
На средбата било изразено обострано задоволство од досегашната соработка со Република Турција на мултилатерално и билатерално ниво, како и од соработката помеѓу уставните судови на двете држави, особено што во тековната 2020 година е планирано организирање на заедничка тркалезна маса, на која домаќин би бил Уставниот суд на Република Македонија.
– Еден од начините на кои се остварува поддршката на Република Турција на Уставниот суд на Република Македонија е преку Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) преку неколку досегашни, но и преку идни проекти како што е најавеното опремување на салата за билатерални средби на Судот од страна на оваа агенција, за што беше изразена особена благодарност од претседателот Мурати, соопштуваат од прес-службата на Уставниот суд.
Турскиот амбасадор Секизќок се заблагодарил за приемот и изразил задоволство од посетата на Уставниот суд и истовремено упатил поддршка за понатамошната соработка помеѓу двете држави, вклучувајќи ги уставните судови на двете држави кои досега имаат одлична соработка.
Ново на Сител
-

Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посета на Урсула фон дер Лајен
-

Скопјанец му се заканувал преку телефон на полицаецот кој предходно му пишал казна
-

Татко во кривопаланечко си го нападнал малолетнит син со остар предмет
-

25-годишник обил сеф на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје и одзел девет пиштоли
-

Мицевски: Филипче губи контрола, со навредливи зборови кон премиерот манифестира силен страв и впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби
-

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија
-

Детали од полициската акција: Запленети 130.000 евра, и десетина луксузни автомобили – дејствувалe во Шпанија, Грција и Србија
