-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето кога МВР се користеше за заштита на криминалот
-->

Заврши времето на криминалната коалиција помеѓу полицијата и подземјето. Заврши времето кога Оливер Спасовски наместо да ги гони криминалците го користеше МВР за заштита на криминалот.
Кога Славјанка Петровска говори за реформи и безбедност лаже и манипулира исто како и нејзиниот шеф, најнеуспешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во чие време имавме 10-тици нерасчистени престрелки и убиства.
Речиси и да немаше ден кој минуваше беше престрелка, опожарено возило, убиство и грабеж.
Кога Петровска говори за професионалност во МВР таа мисли на ангажирањето на поранешниот началник на СВР Штип, сега обвинет за тежок криминал, како советник на Директорот на БЈБ. Кога Петровска зборува за професионалност во МВР мисли на Драган Симоновски, советникот на Спасовски кој заврши во притвор поради злоупотреба на ПИ- мерки за уцена и Лазе Велковски чија ќерка со службено возило замина на одмор во Грција.
Во СДСМ владее паника. Свесни се за поразот кои им следува. Свесни дека по 12 април сите оние кои што се огрешиле пред законот ќе одговараат, а ќе одговараат и оние кои што се ставиле во заштита на истиот.
Граѓаните заслужуваат правда и правдина, заслужуваат да се чувствуваа безбедно, а криминалците заслужуваат да се најдат зад решетки.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Германија нема наскоро да се приклучи на мировните сили во Газа, вели министерот за надворешни работи
-

Минусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и Крушево
-

Трамп: Многу „гадови“ во САД го сакаа Епстин, а сега лажно тврдат дека не го познаваат
-

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош
-

Петрова и Клековски ќе ги презентираат резултатите од контролите кај приватни гинеколошки ординации со договор со ФЗО
-

Мицкоски и Тошковски на промоција на нови возила на македонската полиција
-

Папа Лав Шеснаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат
-

Русија: Ракетата „Сојуз“ лансираше сателит во орбитата
