Путин: Русија нема да заборави, Турција ќе зажали

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија нема да заборави тоа што турските сили соборија руски воен авион и поради тоа Турција ќе зажали, но нагласи дека нема воено да се пресметува со оваа земја.
Тој истакна дека Турција „повеќе од еднаш“ ќе зажали поради она што го направи и дека се залажуваат оние кои мислат дека реакцијата на Русија ќе запре само на трговските санкции.
Во годишното обраќање до нацијата, Путин нагласи дека не може да го игнорира помагањето на терористите.
- Ние не ставаме знак на еднаквост меѓу турскиот народ и дел од денешната власт, која е директно одговорна за загинувањето на наш војник, нагласи Путин.
Тој рече дека секогаш ќе ги смета за „издајници“ оние кои им пукале в грб на руски војници.
- Само Алах знае зошто тоа го направиле. Веројатно Алах одлучил да ја казни владејачката структура во Турција, одземајќи им го разумот, наведе Путин во Кремљ по што следел громогласен аплауз.
Рускиот претседател додаде дека руската војска во Сирија се бори за безбедноста на земјата, истакнувајќи дека напорите на една држава не се доволни за да се порази меѓународниот тероризам.
- Земјите не треба да имаат двојни стандарди кон тероризмот, предупреди Путин.
Според него, „ако некој кој извршил воено злосторство, убиство на наши луѓе, мисли дека ќе помине само со домати или некои ограничувања во градежништвото, е во длабока заблуда“.
Ново на Сител
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
-

Бартломиеј Питала - почесен граѓанин на Скопје, човекот со чиј подвиг светот слушна за нашето богатство
-

300 килограми кокаин скриен меѓу банани запленет во Германија по информации од македонската полиција и ДЕА
-

Зеленски се надева дека резултатите од американските избори ќе донесат поголема помош за Украина
