Занаетчиите од Куманово бараат поголема поддршка
„Занаети во Куманово“ е изложбата на ракотворби што беше отворена денеска во Уметничката галерија во Куманово, а ја организираат Занаетчиската комора, Министертсвото за економија и „Арткрафт“.
Целта е презентирање на занаетите како бренд и симбол на препознатливост на кумановскиот регион.
Присутните имаа можност да видат ракотворби, делови од народни носии, изработки од срма и сувенири со елементи и мотиви од кумановскиот крај.
Според раководителот на Секторот за претприемништво и конкурентност на мали и средни претпријатија во Министерство за економија, Марина Арсовска, и оваа година ќе продолжи поддршката за занаетчиството.
– Оваа 2020 година повторно во рамки на Програмата за претприемништво, конкурентност и иновации предвидена е поддршка за занаетчиите. Планирани се 6,5 милиони денари и три мерки. Едната е за поддршка на занаетчии за која се проектирани четири милиони денари, втората е за поддршка на занаетчиските комори за проекти за поттикнување и поддршка на занаетчиството и третата е нова мерка од оваа година за чираштвото. Воведуваме субвенционирање на трошоците на занаетчиите за ангажирање чираци, изјави Арсовска.
Лани, Министертвото поддржало 40-тина занаетчии преку јавниот повик за субвенции за набавка на опрема и алат, уредување деловен простор и набавка на софтверски решенија. Во 2019 година поддржани биле и седум занаетчиски комори за проекти што се во насока на поттикнување на занаетчиството, поддршка, креативни занаети, поддршка на промоција на старите занаети и одржување на старите традиции.
Претседателот на Занаетчиска комора, Агрон Фазли изјави дека е потребна дополнителна поддршка за занаетчиите, додека претседателот на Здруежението на уметници и ракотворци „Артикрафт“ од Скопје, Гордана Митровска повика да се промовира занаетчиството како национално богатство и да се поттикнат младите да почнат сопствен бизнис со изработка на сувенири.
Во Куманово се регистирани 400 занаетчии.
Ново на Сител
-
Зеленски вели дека Кина и доставува оружје на Русија
-
Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“
-
Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби против нивна депортација
-
Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје
-
Водата во Дебар, пред пиење мора да се преврива
-
Кос-Жељазков: Европската интеграција носи стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан
-
Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори
-
По повод Велигден автобусите од јавниот превоз во петок и понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред