-->
-->
Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици
-->

Во Пехчево течат последните подготовки за прослава на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Живко Каликов од општина Пехчево, ги покани верниците на 19 јануари 2020 година, да присуствуваат на осветувањето на водата во реката.
– По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, црквата „Св.Петар и Павле“ на 19 јануари 2020 година ќе одржи света божествена литургија. Литургијата ќе започне во 8 часот, додека чинот на фрлањето на светиот крст во водата на реката Писа е најавено за во 10 часот, во центарот на Пехчево. Сите учесници кои ќе скокаат во водата по светиот крст треба да извршат медицински преглед кај својот матичен лекар, истакна Каликов.
Информира дека за најсреќниот учесник што ќе го фати богојавленскиот крст предвидени се награди од градоначалникот на општина Пехчево.
– Како што е и традицијата, оној кој ќе биде најсреќен и ќе го фати крстот во реката Писа, од локалната самоуправа ќе добие ЛЦД телевизор, а за многубројните посетители на оваа манифестација, која од година во година станува се помасовна, локалната самоуправа и оваа година обезбеди бесплатни топли пијалоци (ракија и вино) за сите присутни, информира Каликов.
Задолжително за сите учесници кои ќе скокаат во водата по светиот крст, како што додадоа од пехчевското свештенство, е потребно да извршат медицински преглед кај својот матичен лекар.
Водици или Богојавление е посебен ден за жителите на Пехчево. Традицијата датира од дамнина и е еден од најмасовните настани во Пехчево и околината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
