Министерот Димитров се сретна со норвешкиот амбасадор Јелстад

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Норвешка во Република Македонија, со седиште во Белград, Јорн Јелстад.
На средбата, како што соопшти МНР, било изразено заемно задоволство од досегашниот развој на пријателските односи и соработка меѓу двете земји, при што министерот Димитров се заблагодарил за континуираната поддршката од Норвешка за евроатлантската иднина на Македонија и реализацијата на нашата значајна стратешка цел – извесното членство во НАТО.
Димитров истакнал и дека од македонска страна високо се цени присуството и ангажманот на Норвешка не само кај нас, туку и во целиот регион, во контекст на неговото приближување кон европските стандарди и вредности.
Амбасадорот Јелстад ја реафирмирал поддршката на Норвешка за реализација на нашите стратешки приоритети, преку постигнување на неопходните стандарди во насока на интеграција на Македонија во НАТО и во Европската Унија, подвлекувајќи дека како и досега, ќе продолжат со билатералната поддршка на бројни проекти, коишто се тесно поврзани со ЕУ пристапниот процес.
Ново на Сител
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
-

Сообраќајната полиција доби 33 нови „Piaggio Beverly 310“ вредни над 270.000 евра
