Двете најголеми партии во Северна Ирска се договорија за поделба на власта

Двете најголеми политички партии во Северна Ирска, националистичката Шин Фејн и пробританската Демократска унионистичка партија денеска, после три години, се договорија за поделба на власта во регионалната влада.
Најголемата ирска националистичка партија Шин Фејн и соперничката Демократска унионистичка партија (ДУП) го поддржаа предлогот на ирската и британската влада за ставање крај на најдолгата суспензија на Парламентот во 13 години.
– Претседателството на партијата Шин Фејн денеска одржа средба и одлучи повторно да учествува во поделбата на власта. Сега имаме темел за поделба на власта и го поддржуваме тоа, изјави лидерката на партијата Мери Лу Мекдоналд на прес-конференција.
ДУП и Шин Фејн речиси три години спорат околу промените во владејачката коалиција. Владата на Северна Ирска не функционира од јануари 2017 година.
– Апсолутно нема сомнеж дека пред нас се големи предизвици, но најголемиот предизвик е да се обезбеди вистинска поделба на власта втемелена на еднаквост, изјави Мекдоналд.
Според мировниот договор од 1998 година, со кој заврши повеќедеценискиот судир меѓу пробританските и проирските сили, парламентот во Стормонт може да работи само ако најголемите партии со различни определби се согласат да соработуваат.

Шин Фејн се повлече од коалициската Влада поради програмата за поттикнување на топлинска енергија од обновливи извори, чие усвојување го предводеше лидерката на ДУП и поранешна премиерка Арлин Фостер. Се проценува дека за програмата од буџетот биле исплатени 670 милиони долари.
Двете партии спорат и околу барањето на Шин Фејн ирскиот да биде службен јазик во Северна Ирска. Спорни се и истополовите бракови кои ДУП не ги поддржува.
Ново на Сител
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за август изнесува 68.675 денари
-

Приведено лице од беровско, управувал возило со 2,62 промили алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
-

Прелиминарни резултати од полагањето државна матура во август
-

Ден на жалост во Киев - најмалку 12 загинати во нов руски напад
-

Од патарина за пет месеци инкасирани над 31 милиони евра
-

Поради украинските напади врз рафинериите, Русија принудена да увезува горива
-

Во Грција досега регистрирани 157 случаи на вирусот Западен Нил, починаа 13 лица
-

Кривичнa за четири лица од Прилеп, го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари
