Народна банка пушти во оптек три нови ковани пари за колекционерски цели
„
Деловен успех и среќа“, „Вештачка интелигенција“ и „Среќен роденден“ се новите ковани пари за колекционерски цели што ги пушти во оптек Народната банка. Цената на кованата пара „Деловен успех и среќа“ изнесува 3.000, денари, на „Вештачка интелигенција“ 3.200 денари, а на кованата пара „Среќен роденден“ 4.000 денари.
На аверсот на кованата пара „Деловен успех и среќа“ во централниот дел на монетата се наоѓа вметнато стакленце на коешто е отпечатена мапа на западната хемисфера и скиптарот на Меркур, коишто се прикажани на основата на дрвено тркало во златна боја. По должината на периметарот е прикажано името на издавачот ‒ Република Македонија. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на нашата земја и годината на издавање на монетата – „2019“, како и апоенот „100 денари“. Сите натписи се на англиски јазик. На реверсот, во централниот дел од монетата се наоѓа вметнато стакленце на коешто е отпечатена мапа на источната хемисфера. Над вметнатото стакленце се прикажани слики од ракување, старовремска локомотива и брод. На левата страна од реверсот е прикажан Меркур со скиптарот, а на десната страна ‒ слика на Фортуна која држи рог на изобилството. Под вметнатото стакленце се прикажани сидро и два запченика, а над нив натписот „Ag925“. На долниот дел од периметарот на англиски јазик е испишано: „Деловен успех и среќа“.
Кај парата „Вештачка интелигенција“, на аверсот, во централниот дел е претставена слика на дигитален уред за оптичко препознавање со вградени сензори на мрежницата и информациски канали коишто се оддалечуваат во форма на мрежа со контактни јазли. Во горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на нашата земја, а по должината на периметарот е испишано „Република Македонија“. На долниот дел се прикажани натписите: „100 денари“ и „2019“ ‒ годината на издавање. Сите натписи се на англиски јазик.
На реверсот, пак, во централниот дел од кованата пара е прикажана вештачка интелигенција во вид на кристал и струјно коло во вид на човечки мозок од кој се шири мрежа на сензори што го опкружуваат светот. Во горниот дел од кованата пара е прикажана слика на ракување како симбол на тесната соработка на човештвото со вештачката интелигенција. На горната лева страна е прикажана ознаката „Ag925“. По должината на периметарот е прикажан натписот на англиски јазик: „Вештачка интелигенција“.
На аверсот, во централниот дел на кованата пара „Среќен роденден“ е прикажана кошница полна со подароци и грбот на нашата земја. На долниот дел се прикажани натписите: „100 денари“ и „Република Македонија“. На десната страна е прикажана годината на издавање ‒ „2019“ . Сите натписи се на англиски јазик. На реверсот, во централниот дел на кованата пара е прикажано насмеано бебе коешто носи капа и држи пелена во својата рака. По должината на периметарот на кованата пара е прикажан украс во вид на рачка на кошница. На долниот дел од кованата пара се претставени цвеќиња. Натпис на англиски јазик: „Среќен роденден“. На левата страна е прикажана ознаката „Ag925“.
Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија
Ново на Сител
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
-

Сообраќајната полиција доби 33 нови „Piaggio Beverly 310“ вредни над 270.000 евра
-

Ѓорѓиевски: Ново поглавје во јавната хигиена - специјализираните возила на ЈП „Комунална хигиена“ излегуваат на терен | ВИДЕО
-

Од бостан, пиперки и лозје заработивме 350.000 евра, продававме и во Горни Милановац – сведочеше мајката на судијата Ѓоко Ристов
