Судењето за „Еразмус“ се враќа на почеток поради промена на судечкиот совет

– Наместо завршни зборови за случајот „Еразмус” и пресуда на 3 февруари за професорите и демонстраторот од Економскиот факултет, кои се товарат за земање пари од студенти за полагање на испити, пред денешното рочиште беше соопштено дека судењето ќе почне од почеток поради промена на судечкиот совет.
Имено, еден од судијата поротници во судечкиот совет за една недела заминува да работи во Германија, па судењето ќе мора да почне од почеток.
За новонастанатата ситуација информираше претседателот на советот, судијата Владимир Туфегџиќ велејќи дека пред почетокот на денешното рочиште на кое требаше да има завршни зборови, поротникот ги известил дека добил работна виза и оти за седум дена заминува за Германија.
Судечкиот совет проценил дека за седум дена не може да донесе пресуда, па поради тоа испратил барање до претседателот на судот за назначување на нов судија поротник.
Обвинителството ги товари обвинетите дека во повеќе наврати во текот на 2015 и 2016 година, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела.
Обвинетите професори Бобек Шуклев и Славе Ристески се товарат за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание, Љ.Ј. и С.Д. за злоупотреба на службената положба и овластување, а демонстраторот Драган Денковски за давање поткуп
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
-

Бартломиеј Питала - почесен граѓанин на Скопје, човекот со чиј подвиг светот слушна за нашето богатство
