ОБСЕ: Поддржувачите на политичките партии да се воздржат од навредливи содржини врз која било основа

Мисијата на ОБСЕ во Скопје изразува осуда на сите форми на расизам, антисемитизам и нетолеранција.
Мисијата, на својата официјална страница на Фејсбук, ги повикува членовите и поддржувачите на сите политички партии да се воздржат од изразување и споделување навредлива содржина на етничка, верска или друга основа.
– Предизборните периоди се времиња кога државите се особено ранливи на говор на дискриминација и нетолеранција, што може да доведе до сериозни последици. Податоците на Мисијата и на локалните НВО од изминатите седум години покажуваат дека инцидентите од говор на омраза во Македонија историски бележат пораст за време на предизборните периоди, особено по основ на етничка и политичка припадност, наведува ОБСЕ.
Мисијата додава дека ова е особено важно време за државата, имајќи ги предвид спроведувањето на стратешките цели на Македонија. ОБСЕ посочува и дека слободни, фер и избори без говор на омраза се неопходни за земјата.
Ново на Сител
-

Волц: Нуклеарната закана од Иран ќе биде главна тема на обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН
-

Русија со дрон уби свештеник и рани неколку други во напад врз украински манастир
-

Безживотно тело најдено на Шар Планина
-

Полицијата приведе 19 возачи: 10 возеле пијани, осуммина без положен возачки испит
-

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
