За Христовото раѓање во Бигорски повеќе од илјада верници

Манастирот „Свети Јован Крстител“ попознат како Бигорски манастир, беше претесен да ги прими сите верници кои сакаа, токму тука, во ова древно македонско светилиште, да го дочекаат раѓањето Христово.
Во Бигорски беше и групата Љубојна, која пред присутните, повеќе од илјада верници, одржа мини Бадников концерт со каланди.
На синоќешното бдение игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј, со слово се обрати на многубројните присутни, кои беа од сите краишта на Македонија.
Бдението продолжи до 5:00 часот изутрина, а традиционално Архмандрит Партениј најмладите ги израдува со божиќни пакетчиња.

-Храмот беше навистина претесен да ги собере сите оние луѓе кои тука пристигнаа, а меѓу нив најмногубројни беа младите кои жедни за да се напијат од изворот на оваа духовна радост, го примија и благословот кој штедро им Го излеа Богомладенецот Христос, велат од Бигорскот манастир.
Во пресртет на Христовото раѓање беше промовирана и првата книга со беседи на Архимандрит Партениј „Бог се јави во тело, воскресна во слава“, со што всушност е означен почетокот на одбележувањето на 1000-годишнината од постоењето на манастирот.

Инаку, на голема радост на верниците, здружението „Бадникови Поворки“, вчера објави видео запис од Божиќната каланда „Христос се роди денес“ во соработка со Бигорскиот манастир и со благослов на Архимандрит Партениј.
Во Дебар, по вторпат вчера имаше бадникова поворка со педесеттина деца од градот и неколку села од Река, Општина Маврово и Ростуше, традиција обновена минатата година благодарение на сестрите од манастирот „Георгиј Победоносец“.
Ново на Сител
-

Утрово најстудено во Берово со -11 степени, снег до 24 сантиметри на Попова Шапка
-

Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос - предвидени се бројни состаноци за презентирање на можностите за инвестирање во Македонија | ВИДЕО
-

Бројот на жртви во железничката несреќа во Шпанија порасна на 40, прогласена тридневна жалост
-

Почнува тестирањето на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
-

Романија последен противник на македонската репрезентација во Б-групата на ЕХФ Еуро 2026
-

Стратува второто полугодие за учениците
-

Седница на Совет на ЈО, треба да се бира нов шеф на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски повторно сака избор
-

Се очекува Радев да поднесе оставка до Уставниот суд
