-->
-->
Пожарникари интервенираа во два опожарени објекта во Скопје и еден во Битола
-->

Во текот на вчерашниот ден во МВР пријавени се три пожари – во барака и во викенд – куќа во Скопје и во рибарница во Битола, каде на едно лице му била пружена медицинска помош.
Првиот пожар во Скопје е пријавен во 21.40 часот во СВР Скопје, а избувнал во барака во која била сместена Месната заедница „Дексион“ на ул.„Андреа Зограф“.
Во СВР Скопје вчера вториот пожар бил пријавен во истиот термин од Бригадата за противпожарна заштита, а избувнал во викенд-куќичка на ловно друштво на ридот во атар над скопското село Страчинци.
Во ниту еден од двата пожара нема повредени лица. Пожарите биле изгаснати од екипи на Бригадата за противпожарна заштита, а извршен е и увид.
Во СВР Битола, пак, вчера во 11 часот било пријавено дека на ул.„Васко Карангелевски“, во рибарница во рамки на битолскиот пазар, избувнал пожар по експлозија на плинска боца. Вработената А.К.Т.(28) од Битола била префрлена во Клиничката болница Битола, а потоа била пуштена дома. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обезбедувач извлечен жив од подрум на трговски центар осум дена по двата земјотреси во Венецуела
-

Приведени три лица поради подметнат пожар на багер во скопски Чаир
-

Се запали гнездо во Росоман, спасени мајката и трите штркчиња
-

Бројот на починати од ебола во ДР Конго надмина 400
-

Мицкоски: Порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега обезбедивме по 7.000 денари
-

Тошковски за случајот на врсничко насилство во Скопје: Кривични пријави за насилство за децата и нивните родители
-

Захарова: Никогаш во историјата Русија не го прекинала гасот за Европа
-

39-годишен затвореник пренесен во болница во Штип, го силувал 59-годишник осуденик
