Предлог-закон за ратификација на Северноатланскиот договор во собраниска процедура

Предлог-закон за ратификација на Северноатланскиот договор од денеска е во процедура во Собранието на Република Македонија, како владин предлог утврден на 174 редовна седница.
Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор на нашата земја со НАТО, треба да биде усвоен во Собранието и се предвидува да стапи во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија, по што ќе биде депониран во Вашингтон, откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за пристапување на нашата земја во полноправно членство во Алијансата.
Согласно договорот за одржување предвремени парламентарни избори, Собранието треба да се распушти на 11 февруари, а се уште е неизвесно дали до тој датум Шпанија ќе го ратификува Протоколот за членство во нејзиниот Парламент.
ВМРО-ДПМНЕ излезе со предлог за „предвремена“ или „условна“ ратификација на Протоколот, повикувајќи се на искуството на Црна Гора, која документите неопходни за нејзиното членство во НАТО ги ратификуваше во април 2017 година, а Холандија и Шпанија извршија ратификација на Протоколот за членство на Црна Гора во Алијансата дури следниот месец.
Премиерот Заев тогаш оцени дека таквата иницијатива „вреди да се разгледа“.
Ново на Сител
-

Штипско училиште ги забрани телефоните но и грицките и обоените сокови
-

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Во фокус европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка
-

Утре дожд и постудено
-

Донесено решение за формирање на Комисија за селекција на кандидати за член на Судскиот совет
-

Мислел дека нашол обично маче и си го однел дома, а всушност открил нов вид дива мачка по повеќе од 100 години
-

Трагичен крај: По три недели почина 13-годишникот избоден во срце со нож во Бутел
-

Милатовиќ пред ОН: До 2028 година Црна Гора меѓу членките на ЕУ
-

Холандија повторно се враќа на Евровизија од идната година
